Свет
15. September 2024 - 10:52

Циклон „Борис“: Загина едно лице во Полска, во Чешка четворица исчезнати

Едно лице загина во поплавите во јужниот дел на Полска, а во надојдената вода во источна и северна Чешка четири лица се водат како исчезнати. Илјадници луѓе во Полска и во Чешка се евакуирани поради поплавите предизвикани од циклонот Борис.