ЦИК на Албанија ги соопшти конечните резултати од изборите на 30 јуни

По еден месец од локалните избори, спроведени на 30 јуни, Централна изборна комисија на Албанија ги соопшти конечните резултати.
На состанок на кој комисијата правела анализа на изборниот процес, имало несогласувања при што претседателот на ЦИК, Клемент Згури, одбил да се потпише на финалниот записник.
-ЦИК во овој изборен процес помеѓу транспарентност и камуфлирање, законски и двојни стандарди, законитост и самоволие, неутралност и јасна политичка едностраност, ЦИК го избра второто, обвини Згури.
За разлика од него потпретседателот на комисијата Денар Биба смета дека на овие избори победил Уставот.
Според конечните резултати, на 30 јуни, правото на глас го искористиле 811.727 албански граѓани или 22,96 отсто од вкупниот број запишани во еднствениот избрачки список.
Апсолутен победник на изборите, на кои не учествуваше главната опозиција, е владејачката Социјалистичка партија. Во 60 од 61 општина градоначалниците се социјалисти, а само со една ќе раководи кандидат на МЕГА, партија на припадниците на грчкото малцинство. Меѓу градоначалниците е и Пали Колефски, кој е нов градоначалник на Пустец, кандидат на Социјалстичката партија.
Кога станува збор за Советите на општините 74,11 отсто од советниците или 1.136 се од редовите на Социјалистичката партија. Партијата на поранешниот шеф на албанската дипломатија Паскал Миљо, е втора по освоени гласови обезбедувајќи 3,66 отсто од гласовите или 79 советнички мандати.
Ниту еден глас на добила Националната конзервативна партија на Кујтим Ѓузи што значи дека не гласал ниту самиот тој.
Ново на Сител
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
-

Обид за убиство во Скопје: Напаѓачот уапсен по само 25 минути
-

Пентагон бара од одбранбената индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, според допис на Фајнберг
-

22.000 луѓе евакуирани, прогласена вонредна состојба поради пожар во Британска Колумбија
