Чуварот не му се спротивставил на напаѓачот во средното училиште во Флорида
- Полицаецот чувар Скот Питерсон, кој бил на должност во средното училиште во Флорида кога поранешниот ученик Николас Круз уби 17 лица, стоел околу четири минути пред зградата и не влегол внатре за да го спречи нападот, изјави шерифот на областа Броуард на Флорида, Скот Израел.
Израел на прес конференција соопшти дека полицаецот Питерсон дал отказ откако бил суспендиран и не добил плата.
Израел истакна дека одлуката ја донел откако ја гледал снимката од камерите за надзор и разговарал со очевидци и со Питерсон.
Тој наведе дека Питерсон застанал пред зградата каде се случил нападот, заземал позиција, но не влегол внатре.
На новинарско прашање што требал да направи Питерсон, Изреал рече дека требал да влезе внатре, да се соочи со убиецот и да го убие.
Напаѓачот Николас Круз (19) на 14 февруари уби 17 лица во средно училиште во градот Паркленд, по што се обиде да избега, но беше уапсен.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
