Чувар на ТЦ во Белград е човекот кој се обидел да силува девојче
Вработен во секторот за обезбедување во трговскиот центар на белградска Звездара е осомничен дека се обидел да силува десетгодишно девојче. Немилиот настан се случил синоќа околу 19 часот. На уапсениот му е одреден мерка притвор до 48 часа.
По истекот на притворот, тој ќе биде донесен во Обвинителството на распит.
Вистинската драма се случила во познатиот трговски центар. Девојчето играло во паркот. Чуварот му се обратил на девојчето со зборовите дека не е дозволено да игра таму и му рекол да тргне по него.
Исплашено дете, кое видело човек во униформа му поверувало и започнало да оди по него. Сепак, тој ја однел во тоалетот и се обидел сексуално да ја злоупотреби. Неколку минути подоцна, тој го пуштил девојчето кое под стрес им раскажало на сестра си и родителите што му се случило, по што била повикана полиција.
Ново на Сител
-
АРМ слави 33 години постоење
-
ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
-
Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не