Чуркин: Русија ќе поддржи кандидат од Источна Европа за функцијата генерален секретар на ОН
Русија го поддржува правото на земјите од Источна Европа да предложат свој кандидат за функцијата генерален секретар на ОН, но не ја исклучува можноста дека Западот може да предложи друга кандидатура, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Виталиј Чуркин.
- Ние имаме неколку фаворити. Целосно го поддржуваме правото на источноевропската група да предложи свој кандидат, но треба реално да се гледа на работите. Има неколку силни кандидати, кои не се од Источна Европа, затоа не треба да се исклучува ниту една можност, истакна Чуркин.
Според него, кандидатите од Источна Европа имаат политичка и психолошка предност.
- Се плашам дека, судејќи според некои делувања на нашите западни колеги, тие имаат друга претстава за ова прашање, нагласи постојаниот претставник на Русија во ОН.
Ново на Сител
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“