Чуркин детално опиша шема на шверц на нафта преку Турција

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Виталиј Чуркин нагласи на седница на Советот за безбедност на ОН дека приходите на терористичката Исламска држава од шверц на нафта изнесуваат 1,5 милиони долари дневно, а најголем дел од шверцот минува низ Турција.
Чуркин детално ја опиша шемата за доставување нафта преку Турција „организирана со посредство на економски структури во сенка“.
Во најголем број случаи за превоз на нафтата се користат цистерни што минуваат низ турски гранични пунктови.
- Со доставувањето се занимаваат турски компании, потенцира Чуркин.
– Потоа нафтата или се преработува или се транспортира до турски пристаништа, главно Џејхан, тврди Чуркин.
Тој наведе дека благодарение на руските воздушни удари има значителен пад на незаконски извоз на нафта. Во разговор со медиуми, тој не исклучи можност за санкции од СБ спрема Турција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
