Чунцин: најголемиот експеримент во економската реформа на Кина

ДПА - Хамбург
Брзиот развој и урбанизацијата на Чунцин, најголемиот град во Кина, покажува како лидерите во земјата се обидуваат да го заживеат забавениот економски раст. Ќе профункционира ли експериментот?
Презентерот замавна со раката над просторната макета посочувајќи на технолошки научни центри и гламурозни комплекси за забава, опкружени со цел куп станбени облакодери.
Градежните претприемачи се надеваат дека Шуангфу њу сити (или новиот град Шуанфу) кој сега е простор окупиран со суптропска флора во предградијата на метрополисот Чунцин, ќе стане футуристички мега град.
Грижливо и детално подготвениот модел на Шуанфу покажува колку се ентузијасти властите во југозападна Кина да не го пропуштат економскиот раст кој изгледа го користат другите делови од земјата.
Најнаселената земја и втората по големина економија во светот е исправена пред заканите од предизвикот да го одржат економскиот раст на основа на се постарото население. Во 2015 година, кинеската економија порасна за 6,9 проценти - најслаб резултат во последниов четвртина век.
И додека економистите изразуваат сомнеж за официјалната статистика,. зголемувањето на БДП на Чунцин е 10,2 проценти, со тоа е најбрзо растечки од сите провинци и општини во Кина.
Чунцин има население речиси колку Калифорнија. Над 13 милиони луѓе се стуткани на површина од 82.400 квадратни километри.
Градот и соседната провинција Сечуан се клучните централни точки во стремежот на Пекинг подеднакво да ги развие и сиромашните западни региони. Владата инвестира милијарди за да ја претвори областа во трговски и транспортен јазол, како и да им помогне на селските жители да си најдат работа и да се здомат во градските зони.
Европската унија е најголемиот трговски партнер на Кина и мрежа од се повеќе железнички маршрути до Европа придонесе за стимулирање на економиите во градовите од внатрешноста, како Чунцин.
Во 2011 година беше пуштена железничката линија Јуисиноу, од Чунцин до Дуизбург во Германија, која го скуси времето за транспортирање до Европа од 36 дена со контејнерски воз на околу на 12 дена, преку Казахстан, Русија, Белорусија и Полска.
Властите ја дефинираат 11,179-километарската товарна маршрута како блескав пример за тоа како „Новиот пат на свилата“ може да ги зајакне пазарите на Кина во странство.
Чунцин служи и како модел за друга економска цел на политичото раководство во Пекинг: ребалансирање на економијата кон модел за раст, движен од внатрешната потрошувачка и иновациите.
Тоа се покажа тешко на други места во земјата, но Чунцин има брзорастечка средна класа, која поддржува најразлични сегменти во услугите, со кои се покрија околу 48 проценти од локалниот БДП во минатата година.
Обемните напори на градот за урбанизација поттикна милиони жители од селата да се преселат во последната декада, кои добиваат субвенции за домување и компензација за изгубената земјоделска земја.
- Квалитетот на животот тука се смени кон многу подобро, започнувајќи пред околу 10 години, рече Ли Ѕизвеј, работник на пристаништето Гојан на реката Јангце, кој живее во предградијата на огромниот град.
И додека многу поранешни фармери се се трудат на производните ленти, овие фабрики се повеќе произведуваат лаптопи, атомобили и други високотехнолошки производи, конкурирајќи им на светските брендови како Форд, Џенерал моторс и Ха-Пе.
Чунцин не смета на приходи од јаглен, металната или продукцијата во нискиот сегмент кои создаваат проблеми како силна корупција или недостиг на капацитети на другу места во Кина.
Но економските перспективи можат да не се покажат толку розови, колку што кажува статистиката.
- Фрапантните несовпаѓања со податоците за БДП кои Чунцин ги создава, покажуваат дека неговата економија веројатно не е толку процветана колку што тврди владата, подвлекува кристофер Болдинг, доцент на Високата бизнис школа на ХСБЦ при Пекиншкиот универзитет.
- Чунцин всушност добива многу владини инвестиции и избегнува проблеми пред кои се исправени другите делови од Кина, како што се независност од суровини и глобални трговски прашања, дополнува тој.
Болдинг и други експерти тврдат дека Прекинг треба да се фокусира и на други реформи, освен да гради инфраструктура во големите градови со цел за долгорочен раст.
- Чуцин има толку стабилна репутација на регион ангажиран со подобрување на инфраструктурата, само што транспарентноста на локалната регулатива исто е важна на крајот. Не можеме да си дозволиме тоа прашање да биде бариера пред привлекувањето на странски инвестиции во Чунцин, коментира Робин Нијтхамер, претседател на југозападниот клон на Европската трговска комора.
Во 13-иот петолетен план на Кинеската комунистичка партија, кој беше објавен во март, е наведен амбициозно темпо на годишен раст од 6,5 проценти до 2020 година.
-Првиот чекор е да биде зацртана добра политика, но тоа е полесниот дел, потенцира Лу Сајоџжун, претседател на државната Миншенг шипинг ко.лтд, најголемата група за интегрирана логистика.
-Затворањето на фабрики, за да се справиме со прекумерното производство, е лесно, но што е со обичните луѓе? Владата треба да им даде финансиска поддршка на отпуштените работници, да даде притисок за развој на новорастечките индустрии и да ги поттикне иновациите,се предупредува во анализата на Мекинзи.
Многу е рано да се каже што ќе излезе од експериментот Чунцин. Ако пропадне, поранешните селани може да бидат лишени од граѓанските права без враќање назад, затоа што полињата им биле покриени со бетон.
-Фарма? Каква фарма! Мојот дом одамна е минато, но тука заработувам повеќе пари отколку претходно и времето ми е поосмислено, раскажува Чин, монтажер во фабрика за мотоцикли во една од новоурбанизираните зони во Чунцин.
Друга работничка во фабрика изразува увереност дека нејзиниот син ќе има подобар живот.
-Јас не завршив средно образование, но детето ми е на факултет. Не знам каква ни е економијата, но мислам дека сето ова е напредок, заклучува таа.
Ново на Сител
-

Приведен 45-годишен гостиварец - Ја принудувал сопругата на сексуални односи и физички ги малтретирал нивните деца
-

Експлозивна направа фрлена кон куќа во Бардовци, предизвикала штета
-

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“
-

Уапсен 20-годишник од Жировница, при претрес пронајдена прашкаста материја
-

Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
-

Ѓуретановиќ го има вториот настап на ЕП на 400 метри слободно
-

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
