Чулев: Одлуката за ограничување на движењето не е идеална, но треба да се почитува
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во пресрет на празникот Задушница и Духовден апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за ограничување на движењето.
– Оваа година овие два големи и значајни празници ги одбележуваме во поинакви околности соочени со голем, значаен и сериозен предизвик – да го заштитиме сопственото здравје од вирусот Ковид 19. Свесен сум дека актуелната одлука за ограничување на движењето на граѓаните не е идеална, но таа треба да се почитува. Големата бројка на лица кои се носители на вирусот е факт кој не смееме да го игнорираме и занемариме. Но, таа бројка не обврзува и сите нас кои сме носители на јавни, и политички функции, одлуките кои ги носиме да бидат засновани на аргументи, а не на дневна политика, посебно оние одлуки кои се поврзани со заштита на здравјето на граѓаните, напиша Чулев на својот Фејсбук профил.
Порачува дека сите се одговорни за сопственото, но и за јавното здравје и оти дисциплинираноста и одговорноста се карактеристика на големите луѓе.
Ново на Сител
-
Пеколните горештини ги полнат невролошките одделенија во болниците
-
Мрежите духови закана за живиот свет во езерото
-
Ретка болест на нервните завршетоци констатирана кај 30 пациенти од истокот
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Нема лекови на Онкологија
-
Муретзани: Интеграциите да не се билатерализираат
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер за безбедност во сообраќајот
-
Приведени 77 лица, повредени 48 полицајци - Вучиќ најави „нема веќе помилувања, време е за одговорност“