Чулев: 1322 лица не го почитувале ограниченото движење, 10 прекршувања за изолација, 157 за самоизолација
Мерката ограничување на движењето од нејзиното воведување во земјава не го почитувале 1322 лица, констатирани се 10 прекршувања на решенијата за изолација и 157 на изјавите за самоизолација, а полицијата поднесе и кривична пријава и 25 известувања за говор на омраза порзан со Ковид 19.
Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил, каде се заблагодарува до граѓаните кои кои ги почитуваат одлуките на Владата за ограничување на движењето како една од мерките за справување со корона вирусот.
-Во однос на статистика која се однесува на почитување на мерките за ограничување на движењето на граѓаните од нивното воведување, па се до денес: вкупно 1322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, 62 лица од нив се на возраст до 18 години и 42 лица се на возраст над 67 години. Приведени се вкупно 519 лица, опоменати се 223 лица, а за останатите земени се податоци и ќе следуваат дополнителни мерки. Најголем дел од лицата се на територијата на СВР Скопје. До основното јавно обвинителство до сега поднесени се вкупно 483 кривични пријави и 73 известувања, напиша Чулев.
Во однос на почитување на мерките за изолација и самоизолација, во објавата на министерот стои дека до сега на 2405 лица им се издадени решенија за изолација, а вкупно 9793 лица пополниле изјава за самоизолација. Во изминатиот период констатирани се 10 прекршувања на решенијата за изолација и 157 прекршувања на изјавите за самоизолација. Во оваа насока поднесени се вкупно 134 кривични пријави до основното јавно обвинителство.
-Заклучно со денеска во вкупно 25 објекти, сместени се 2099 лица во државен карантин, наведува Чулев.
В објавата на Фејсбук стои дека од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесена е една кривична пријава и 25 известувања до основното јавно обвинителство кои се однесуваат на говор на омраза поврзан со COVID19.
Ново на Сител
-
Барселона испратила барање до ФИФА да ѝ дозволи да учествува на Светското клупско првенство
-
Трамп отворен за идејата Путин да посредува меѓу Изрел и Иран
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
-
Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови