-->
-->
Чудо во Србија: Девојката која што настрада во автобусот на смртта се разбуди од кома - преживува еден на сто случаеви
-->

Таа после несреќата одма беше префрлена во полница со тешки повреди, со кои според зборовите на лекарите, во вакви ситуации преживува 1 на 100 лица. Меѓутоа после 60 дена борба, животот на Лена е надвор од опасност. Докторите од Нишката клиника за анестезија и интензивна терапија велат дека пред храбрата девојка постои долго опоравување.
Кога таа беше примена во болница, Лена беше во најтешка состојба од сите останати повредени и многу мали беа шансите да преживее.
-Одма после приемот одма ја реанимиравме и ја опериравме, пошто имаше голем хематон на главата кој што вршеше голем притисок на мозокот. Ги саниравме повредите и одма ја ставивме во вештачка кома со цел да и го подготвиме организмот за борба. За жал, освен повредата на главата таа се здобила и со тешка контузија со пукање на плуќната марамица. Овие две повреди во иста комбинација се тешко за преживување, практично еден во сто случаеви, па вложивме многу напори за да ја спасиме, вели директорот на клиниката за анестезија, Др. Радмило Јанковиќ.
Лена два месеци беша на ивица меѓу зивотот и смртта, се до пред некој ден, кога полека почна да се буди од кома.
-Нејзиниот невролошки статус, односно менатлните функции, со тек на време се подобруваа. После цел месец во кома, се виде првиот напредок, но и тогаш беше во животна опасност. Меѓутоа сега можеме да кажеме дека е на безбедната страна и дека не е во животна опасност. Сепак, заздарвувањето ќе биде долг, објаснува Др.Јанковиќ.
Ваквата вест го израдува и нејзиното семејство, кое сега може малку и да здивне.
Извор: Телеграф.рс
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот
-
37-годишна жена два пати физички нападната во Скопје од својот сопруг во текот на еден ден
-
Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека