Живот
1. July 2018 - 21:31

Чудо од дете: Овој мал Белгијаец на 8 години ќе тргне на факултет, сака да стане хирург или астронаут

Осумгодишно момче од Белгија завршило средно училиште и наскоро ќе тргне на факултет.

Момчето Лоран Симон, чиј татко е Белгиец, а мајка Холанѓанка, за само 18 месеци го завршило шестгодишното образование и дипломата ја земало заедно со другите ученици, кои имаат 18 години.

Неговите родители тврдат дека коефициентот на интелигенција на момчето е 145.

Лоран за белгиското радио РТБФ изјави дека омилен предмет му е математика, бидејќи, како што објасни тој, таа е опширна - има статистика, геометрија, алгебра.