Балкан
15. October 2015 - 20:46

Човиќ: До 31 декември БиХ ќе аплицира за членство во ЕУ

Босна и Херцеговина планира до 31 декември да поднесе официјално барање за прием во Европската унија, изјави денеска претседавачот со претседателството на БиХ, Драган Човиќ.

- Претседателството работи со забрзано темпо за реализација на реформите. Ги координираме сите нивоа на власта за реализација на планираната реформска програма, за да ја заслужиме довербата за барањето (за членство во ЕУ), истакна Човиќ на денешната средба во Сараево со шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек.