Човекот има 94 деца, 39 жени и 33 внуци и сите живеат под ист покрив: Ова е најголемото семејство во светот, еве како живеат заедно и се сложуваат
Зиона Чана е „најбогатиот човек на светот“ со: 39 жени, 94 деца и 33 внуци со кои живее во четирикатна куќа, и моментално овој Индиец е глава на најголемото семејство на светот.
Најголемото индиско семејство се состои од 39 жени, 94 деца и 33 внуци, на чело со „најбогатиот човек“ Зиона Чана и живее во селото Бактванг во индиската провинција Мизорам.
Жените делат спални соби, а за да може секоја да добие можност да помине ноќ со својот сопруг постои распоред, најмладите жени се сместени поблиску до спалната соба на главата на семејството, додека постариет се сместени нешто подалеку во куќата.
„Ние остануване покрај Зиона зошто тој е најважната личност во семејството, а освен тоа и најзгоден маж во селото “, објаснува Ринкмини (35), една од жените на Чана.
Слога, почитување и љубов владеат во семејството Чана, чија организација е налик на воена - жените заедно ги подготвуваат оброците под команда на најстарата, Затианги. Да се нахрани големото семејство не е лесно, па така дневно се подготвуваат околу 70 килограми месо и 50 килограми ориз.
Еден од синовите на Зиона инсистирал неговиот татко да се ожени со сиромашните жени од своето село за да се грижи за нив.
„Се чувствувам како миленик на бога, зошто ми даде толку деца за кои се грижам“, вели 72-годишниот Зиона.
Тој е и водач на христијанска секта во рамките на која е дозволено мажот да има онолку жени колку што сака. Во текот на една година тој се женел дури со 10 жени, а нагласил дека заради проширување на својата „секта“ планира да оди во Америка за да се ожени повторно.
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство