Живот
12. February 2018 - 17:33

Човек кој умрел па оживеал, тврди дека видел се што се случувало околу него, пред да влезе во тунелот на светлината...

Човек по име Ендру вели дека неговиот дух бил издигнат од телото пред да тргне низ патот од светлосниот тунел.
Инцидентот, како што вели Ендру, се случил во 1998 година кога паднал од скали. Откако паднал тој нормално станал, но можел само да издиши.
 
На ФОндацијата за истражувања искуства блиски до смртта ( Near Death Experience Research Foundation) - интернет страница која собира случаеви на личности кои привремено умреле па оживеале - Ендру напишал: Знаев дека умирам. Бев потполно смирен и го прифатив тоа, знаејќи дека  не беше нешто што можев да направам да го променам фактот дека умирам. На секунда помислив колку ми е чудно што сум волку смирен бидејќи  секогаш мислев дека ќе паничам во стиуација која е опасна по живот.“
 
Откако го видела неговата ѓена повикала Брза помош, но пред Ендру технички да почине. 
 
Тој напишал: „ Се онесвестив на секунда или две и потоа се најдов во лебдечка положба надвор од своето тело.  Тој бил со лицето на подот во лежачка позиција. Не мислев за фактот дека бев надвор од своето тело. За мене тоа беше како нечие тело да лежи на подот. На некој начин знаев дека е мое, но не ме вознемири тоа бидејчи се чуствував целосно во ред. Целокупната атмосфера околу мене беше како темно виолетова светлост. Бепе како да лебдев во темно виолетов облак, но можев да видам се во куќата како и обично, но само низ облак. 
 
Потоа почнав да одам накај темниот тунел кој како да се отвори само за мене. СЗе што видов беше стотина луѓе од двете страни на тунелот. Тие се звереа во мене со шокирачки изглед. Потоа поедини од нив викаа да се вратам. После тоа некои други почнаа да викаат како не е мое време, и дека морам да се вратам. Не препознав никого кого видов таму.“
 
Ендру вели дека во следниот момент бил свесен дека е во своето тело во болница, и дека „болката се вратила назад во мојата свест“. 
 
Поедини истражувачи велат дека ова е нормален феномен и дека не е нужен знак од небесата. 
Др.Сем Парниа го објаснил овој феномен. 
 
- Луѓето ја опишуваат глетката, силна светлина. Тие опишуваат чусвството на присуствотот на починатиот роднина, речиси како дошле да ги пречакат. Тие често велат дека не сакале да се вратат бидејќи е толку удобно  и налик на магнет кои ги влече. Многумина го опишуваат чувството одвојување од себе и набљудувањето на лекароти и сестрата како се обидуваат да ги оживеаат. 
 
Докторот вели дека постои и научно објаснување на овие реакции, и гледањето на луѓето не е доказ дека постои задгробен живот туку повеќе техника од преживеаното кое мозокот го скенира во себе. 
 
Тие велат благодарение на модерната технологија и научниците смртта не мора да биде ограничена на филозофијата и религијата, туку да може да биде истражувана по пат на науката. 
 
- Тие можат да слушнат работи и да ги запомнат разговорите кои се случуваат околу нив.