Членовите на ДИК на средби со претставници на НВО и ЗЕЛС
Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска имале средба со претставници на невладини организации во Република Македонија, на која станало збор околу методите за унапредување на соработката и координацијата помеѓу ДИК, како највисок изборен орган, и невладините организации, како важни чинители во изборниот процес, соопшти Комисијата.
Државната изборна комисија (ДИК) и претставници на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) вчера разговарале за начинот на имплементација на член 78-а од Изборниот законик.
Овој член предвидува дека општините во Република Македонија, градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди се должни во рок од пет дена од денот на распишување на изборите, јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, а со цел политичко рекламирање. Максималниот број рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со истите, соопшти денеска Комисијата.
Ново на Сител
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС