Членови на македонско-бугарската Историска комисија ќе разговараат за технички прашања
Претставници на бугарско-македонска Заедничка комисија за историски и образовни прашање денеска ќе одржат онлајн состанок на кој треба да ги прецизираат текстовите на записниците од претходните средби, кои сè уште не се потпишани.
На средбата ќе учествуваат по тројца претставници од двете страни.
Копретседавачот на комисијата од македонска страна, Драги Ѓоргиев за МИА потврди дека разговорите ќе бидат од техничка природа.
Бугарски член на Комисијата за БГНЕС, пак, потврдил дека на денешните разговори нема да се дискутира за никакви историски прашања.
Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци, од кои првиот треба да се одржи во февруари, но неговиот датум се уште не е договорен.
Последниот, 11-ти состанок на Заедничката комисја се одржа на 4 декември.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата