Членките на АмЧам донираа преку 840.000 денари за борба против гладот
Компании членки на Американската стопанска комора во Македонија донираа преку 840.000 денари за кампањата на Црвен крст „Помислете на нас“ по повод Светскиот ден на гладот - 16 Октомври.
Дваесетина компании членки на АмЧам и оваа година ја поддржаа кампањата преку донации на парични средства и прехранбени продукти. Воедно, дополнителни парични средства во износ од 41.500 денари беа собрани на традиционална вечера што по повод Денот на благодарноста - 25 Ноември, синоќа АмЧам ја организираше за претставниците од компаниите членки.
- Навистина ми е драго што членките на АмЧам и оваа година ја поддржаа кампањата. Во 2012 година, кога Црвен крст првпат ја започна кампањата вкупно беа собрани продукти доволни за 100 семејства, оваа година, само нашите компании членки донираа средства и продукти кои ќе им помогнат на најмалку 246 семејства. Дел од членките се обврзаа дека ќе донираат и во претстојните недели и ќе ги поттикнат и своите вработени во другите градови низ Македонија да донираат, изјави Мишел Османли, извршен директор на АмЧам Македонија.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви во Газа надмина 56.000
-
Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
-
75-годишен дедо почина по службен разговор во полиција во Охрид
-
Богојески заминува од функцијата директор на Национална агенција, ќе раководи со друга институција
-
Иран: Најмалку 610 лица се убиени од почетокот на војната со Израел
-
Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето
-
Пронајден починат 32-годишник од Скопје во стан на подрачјето на Карпош
-
Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино