Чизми на Наполеон Бонапарта продадени за 117.000 евра
Чизмите, за кои се смета дека припаѓале на францускиот цар Наполеон Бонапарта, вчера се продадени на аукција во Париз за 117.000 евра, соопшти аукциската куќа „Друо“.
Според француските историчари тие чизми Наполеон ги носел за време на егзилот на островот Света Елена, каде почина во 1821 година. По неговата смрт, чизмите ги наследил неговиот пријател од последните денови, маршал Бертран. Тој подоцна ги отстапил чизмите на вајарот Карл Марокети, кој ги користел како модел за скулптурата Наполеон на коњ, наменета за неговиот надгробен споменик.
– Се уште има многу обожаватели на царството на Наполеон, напиша на Твитер аукциската куќа „Друо“ по продажбата на чизмите.
Историчарите истакнуваат дека чизмите одговараат на описот што Наполеон го испраќал на кондураџијата Жак, кој работел во париски Монмартр.
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче