Македонија
16. September 2015 - 17:16

Чистење на речните корита во Општина Чашка

Се чистат коритата на реките во Општина Чашка. На осум места локалните власти утврдиле потенцијална опасност од излевање.

Пред половина година токму на овие локации високиот водостој на реките поплави огромни површини земјодлеско земјиште, а беа отсечени и неколку населени места..

Акцијата за чистење на речните корита во Општина Чашка се реализира заедно со министерството за животна средина, дирекцијата за заштита и спасување и центарот за управување со кризи.