Чиста вода, лифт и ресторан - се комплетира Милениумскиот крст

Реконструкцијата на Крстот на Водно продолжува.Надлежните пред две недели ги обезбедиле сите неопходни документи и веднаш започнале со активности на терен.
Тој досега веќе требаше да биде подновен, но поради нерасчистени имотно-правни односи и други непредвидени работи, обновата на објектот запре само што започна, пишува Утрински.
„Конечно, пред десетина дена на Крстот продолжија активностите. Истовремено се работи на неколку фронта. Се копаат бунарите, се работи на пречистителната станица, тоалетите, се изведува неопходната инфраструктура. Се надеваме дека времето ќе не' послужи и за брзо време ќе завршиме со реализација на проектот“, вели Игор Јанушев, директор на ЈСП. Во меѓувреме, завршена е и постапката за набавка на новиот лифт. Веќе бил нарачан и деновиве треба да пристигне во Скопје.
„Станува збор за лифт од француско производство од фабрика која е во првите три најдобри за ваков тип лифтови“, додава директорот на ЈСП.
Досега се изведени само планираното ново осветлување и антикорозивната заштита на челичната конструкција. Целиот проект за обнова на Крстот и околината предвидува демонтажа на постојниот и изградба на нов панорамски лифт со придружни простории и елементи. Треба да се постават и нови електрични инсталации, опрема и агрегат, да се изградат фекална канализација и тоалети, како и да се регулира водоснабдувањето до Милениумскиот крст. Со изградбата на водоводната мрежа конечно ќе проработи и ресторанот на Крстот.
„Неблагодарно е да предвидуваме кога ќе бидеме готови со се'. Се надеваме и би сакале комплетната реконструкција да заврши до крајот на мај“, вели Јанушев.
Додека траат градежните работи, жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот крст работи непречено.
Ново на Сител
-

Изборен молк на сила во Словенија пред неизвесните парламентарни избори
-

Иран првпат употреби интерконтинентална ракета со среден дострел во напад врз американско-британска воена база; Пентагон не потврдува
-

Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток
-

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
