Чилеанците поради пандемијата ќе можат да повлечат до 10 отсто од пензиските фондови

Сенатот на Чиле одобри граѓаните да можат да повлечат до 10 проценти од пензиските фондови, со цел да се намалат последиците од пандемијата со Ковид-19.
„За“ предлог-законот гласаа 29 сенатори, 13 се изајаснија „против“ и еден беше „воздржан“. Предлог-законот сега ќе се врати во Долниот дом на пратениците, каде веќе е дадено зелено светло за негово усвојување.
Ако предлог-законот биде изгласан тогаш 10,9 милиони луѓе би можеле да повлечат до 4,3 милиони пезоси (5.400 долари) од пензиските фондови.
Слична мерка бвеше воведена во Перу во мај, кога илјадници луѓе повлекоа до 3.700 долари од пензиските фондови.
Но, против предлог-законот е претседателот на Чиле, Себастијан Пинера. Тој се изјасни против и пакет мерките за поддршка на средната класа, која вклучува и бонус од 630 долари и кредити со ниски камати од 1.900 долари.
Граѓаните на Чиле се обврзни да плаќаат 10 проценти од платата на приватните пензиски фондови, Закон донесен од покојниот диктатор Августо Пиноче.
Пензиите на голем број луѓе се намалија под минималното ниво од 301.000 пезоси (390 долари) и покрај тоа што пензиските фондови требаше да им гарантираат 70 проценти од последната плата.
На антивладините протести во октомври 2019 година граѓаните се изјаснија и против приватните пензиски фондови.
Ново на Сител
-

Дугин: Почна трета светска војна, следна е Русија
-

Руте: Останете безбедни и чувајте нè безбедни
-

Израел повикува на прекинување на сите врски со Иран
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
-

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
-

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
