Македонија
6. October 2018 - 16:21

„Чија е Самоиловата држава - македонска или бугарска‘‘ - една од темите на мешовитата македонско-бугарска комисија

Самоиловата држава прва за ревизија во учебниците по историја во Македонија и Бугарија.  Според информациите на Сител, за ова дискутирале членовите на мешовитата македонско бугарска комисија, каде на Бугарите им пречи што државата на Самоил е претставена како мекедонска, а на нашите историчари, пак, бугаризацијата на самоиловото царство. Предложиле да бидат додадени извори и аргументи за да нема различно толкување. Сител дознава дека од македонска страна е побарано Македонија да биде отстранета од поимот бугарски земји во учебниците во делот за праисторија кај источниот сосед.

Професорот Драган Ѓорѓиев кој е член на македонската група, од своја страна, пак вели дека има и простор и потреба за подобрување на наставните содржини во учебниците.

-Прецизно користење на перцепција за другиот, на пример како македонскиот народ е употребен во бугарските учебницви а како бугарите кај нас. Забелешки околу глорифицирање, националистички содржини. Значи има конкретни забелешки и од двете страни и има голем простор за подобрување за да имаме педагогија за градење на мир и избегнување на конфликти, вели проф. Драган Ѓорѓиев

 Праисторија, антика и среден век биле темите за дискусија на мешовитата комисија, а за илинденците ќе расправаат на некоја следна средба. Разгледувале и неколку историски имиња кои би требало да ги слават како заеднички празници.

-Заедничка прослава за Кирил и Методија како и заеднички да го славиле Самоил, но не секоја година туку кога ќе има некои позначајни настани, вели Ѓорѓиев.

Наредните два месеци членовите на комисијата и од двете земји треба писмено да ги подготват сите забелешки што ги имаат за што од македонската страна велат дека ќе консултираат и стручни лица. Кон крајот на ноември повторно ќе заседаваат во Софија каде ќе ги соочат пишаните аргументи. Во комисијата од македонија има 7 претставници од кои само еден е антрополог а останатите се историчари.