Тенис
25. February 2016 - 18:40

Четвртфинале во двојки за Јотовски

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски се пласира во четвртфиналето во игра на двојки на фјучрсот во Хамамет. Тој и Алексеј Ватутин (Русија) ги победија Бразилците Бруно Сантана и Талес Турини со 6:7 (2:7); 6:3 и 10:3 во решавачкиот сет. Во поединечна конкуренција го заврши настапот во второто коло откако загуби од Бастиан Маља од Чиле со 6:1 и 6:4 во гемови.