Четврта консултација за студентското организирање

Единствен начин за решавање на проблемот со студентското организирање е логично заокружување на поимот академска заедница, која е составена од професорите и студентите, истакна Стефан Дојчиновски од Студентскиот пленум на денешната, четврта консултација за студентското организирање и за начинот на кој студентите сакаат во иднина да функционираат и да бидат уредени студентските парламенти, што денеска се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Тоа, според Дојчиновски, значи интегрирање на студентското претставничко тело во рамки внатрешната организација на универзитетите и факултетите респективно, како посебно тело со функционална и финансиска независност,
- Ваквото решение, во кое круцијална промена е статусот на студентската организација, конечно ќе овозможи вистинско ползување од страна на студентите на своето право на претставување и учество во управувањето на универзитетот и факултетите преку свои легитимни претставници, рече Дојчиновски.
Тамара Велковска од студентската организација ЕЛСА посочи дека актуелниот Закон за високо образование од 2008 година до денес има претрпено 23 измени.
- Во морето од измени може да се „удават" и правниците, а да не зборуваме за лаиците во правото. Прашањето за студентското организирање треба да биде посеопфатно регулирано во Законот за високо образование. Во спротивно ќе имаме ситуација каква што имаме денес - нефункционални, нетранспарентни, нелегитимни и елитистички претставнички тела на студентите, рече Велковска.
Мартина Илиевска од Младинскиот образовен форум соопшти дека консултациите ги организираат зашто е неопходна промена на моделот на студентско организирање, а за таа цел сакаат да го слушнат мислењето на студентите.
- Токму затоа се овие јавни консултации на универзитите во Македонија, каде што дојдовме до низа препораки кои ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука на 30 ноември. Од досегашните консултации увидовме дека студентите имаат потреба од функционално тело кое ќе работи во насока на застапување на нивните интереси и ќе биде изградено врз демокрстски вредности, транспарентно и отчетно, истакна Илиевска
Ново на Сител
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
-

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекратен влез и излез од Шенген зоната
-

Нова измама: Лажни СМС пораки за сообраќајни прекршоци испратени до граѓани
-

Шест случаи на семејно насилство за едно деноноќие
-

Мицкоски: Не го познавам лично Савевски, но би можел да биде одличен државен јавен обвинител
-

Љутков: Целосно се неточни и неосновани тврдењата за злоупотреба на службената положба, никој од вработените во културата не е обесправен
