Четворица уапсени во врска со нападот во Џакарта

Индонезиската полиција соопшти дека уапсила четири лица, кои се осомничени дека учествувале во денешниот напад во центарот на главниот град Џакарта, при што загинаа шест луѓе.
Нападот со бомби и огнено оружје е извршен врз кафуле на „Страбакс“ во една од најпрометните улици во центарот на Џакарта, на два километри од претседателската палата.
Локалните медиуми јавија дека биле регистрирани експлозии на шест бомби и повеќе пукотници од огнено оружје.
Според индонезиската телевизија ТВ1, меѓу загинатите има тројца полицајци и тројца цивили.
Полицијата соопшти дека најмалку еден бомбаш-самоубиец активирал експлозив што го носел на себе, додавајќи дека во нападот учествувале најмалку 14 екстремисти.
Според западни медиуми, полицајците застрелале најмалку четворица од напаѓачите.
Во близина на кафулето се наоѓаат театарот „Џакарта“, ресторан на „Пица Хет“, како и популарниот шопнинг центар „Саринах“, во кој има ресторани на „Мекдоналдс“ и други западни кујни, каде често престојуваат странци.
Недалеку од кафулето на „Старбакс“ се наоѓаат канцеларијата на ОН, повеќе владини административни згради, како и седиштето на Централната банка на Индонезија, која денеска требаше да решава за зголемување на основната каматна стапка во земјата.
Индонезискиот претседател Јоко Видодо го осуди нападот и изрази сочуство до семејствата на загинатите. Тој, како што јави Би-Би-Си, побара од безбедносните сили да ги уапсат извршителите на нападот.
Последниве недели во Индонезија владее зголемена вознемиреност поради најавите за можни терористички напади од страна на изламиситите, а полицијата презеде серија мерки против повеќе лица осомничени за поврзаност со џихадистичката група Исламска држава.
Индонезија е држава со најбројна муслиманска популација во светот, но големо мнозинство од индонезиските муслимани се приврзаници на умерената форма на Исламот.
Ново на Сител
-

УХМР: Најмногу врнежи во Гевгелија, денеска сончево и топло со температура до 34 степени
-

Лидерите на ЕУ во Брисел ќе разговараат за безбедноста, Украина и проширувањето
-

Меморандумот за разбирање прв чекор до конечен мировен договор помеѓу САД и Иран
-

Претставување на национален проект за превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем
-

Состанок на министрите за одбрана на НАТО, меѓу нив и Мисајловски
-

Собранието на седница со повеќе законски предлози, ратификации и извештаи
-

Московската рафинерија во пламен, погодена од украински дронови
-

Потпишан мировниот договор меѓу САД и Иран за завршување на блискоисточкиот судир
