Македонија
28. November 2015 - 17:46

Четворица полицајци задржани на медицинска опсервација

Четворица припадници на безбедносните сили се задржани за медицинска опсервација. Двајца се со удари во пределот на главата преку шлем, еден во пределот на натколеницата и еден во пределот на абдоменот, информираат од Министерството за здравство.

Во Општата болница во Гевгелија прегледани се неколкумина припадници на безбедносните сили. Сите со полесни повреди и вонживотна опасност.

Со цел подготвеност и навремено реагирање на здравствениот систем, поставено е уште едно возило на итна медицинска помош во пунктот во Гевгелија, а дополнителни екипи од Здравствениот дом Кавадарци, Велес, Скопје и другите здравствени домови  на ротациска основа ќе бидат дежурни во Центарот за итна помш во Гевгелија.