Македонија
9. јуни 2016 - 21:23

Четворица полицајци од кои двајца потешко се повредени при апсење во Тетово

Четворица полициски службеници во СВР Тетово се повредени, од кои двајца се со тешки повреди, откако се обиделе да лишат од слобода тетовец кој треба да издржи затворска казна, јавуваат повеќе медиуми.

Полициските службеници при обид да го приведат лицето во еден локал во центарот на градот, настанала вербална расправија и во тој момент еден од учесниците во инцидентот извадил шипка и почнал да ги удира полицајците.

Двајцата од нив се здобиле со тешки повреди и од Клиничкиот центар во Тетово биле пренесени на лекување во Скопје.