-->
-->
Четворица пациенти во тешка состојба поради компликации од морбили
-->
Освен 16-годишната пациентка која е со церебрална парализа со пневмонија како компликација од морбили и е на механичка вентилација на Универзитетската клиника за инфективни болести, уште едно дете и двајца возрасни се во тешка состојба, информираат од Инфективна клиника.Во изминатите 24 часа се прегледани девет пациенти и сите се хоспитализирани. Станува збор за две лица на возраст од 31 година од Бутел и од Тетово, 40-годишник од Сарај, 49-годишник од Чучер Сандево и 29-годишник од Струга, сите невакцинирани, 36-годишник од Бутел со непознат вакцинален статус, како и четиримесечно бебе од Сингелик, 11-месечно бебе од Гостивар и 2,5 годишно дете од Сопиште, сите невакцинирани.
На Клиниката има 46 пациенти од кои 28 се возрасни и 18 деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
