-->
-->
Четворица од 13 мигранти повредени во сообраќајката синоќа пренесени на Скопските клиники
-->

Четворица од 13 мигранти повредени во сообраќајката синоќа на автопатот Демир Капија-Неготино, пренесени се на Скопските клиники, за МИА потврдуваат од хируршкото одделение при Општа болница Кавадарци.
– Од Итната медицинска помош Неготино ни донесоа 13 мигранти. Еден беше починат, петмина задржавме во оваа болница, а тројца со полесни повреди беа третирани амбулантски. Еден од потешко повредените имаше фрактура на пршлен и крварење во мозок, а друг скршеници на ребра, појаснуваат од болницата.
Сите биле на возраст од околу 22 до 25 години.
Според МВР, товарно моторно возило „фолксфаген фејтон” со мигранти, удрило во товарно моторно возило ,,сканија”, управувано од 58 годишниот Љ.Д од Кавадарци. Десетмина мигранти биле од Пакистан, а тројца од Бангладеш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
