Македонија
21. July 2020 - 8:45

Четворица новозаболени од Ковид-19 во Тиквешко

Четири нови лица позитивни на коронавирус се регистрирани во Тиквешко, утрово потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

-Новозаболени во Кавадарци се жена на 52 години и 19 годишно момче кои се на домашно лекување и 53 годишен маж хоспитализиран на Инфективното одделение во велешката болница, појасни докторот.

Во Неготино, нов позитивен случај е жена на 39 години, која е на домашно лекување.