-->
-->
Четворица Кубанци приведени во обид нелегално да влезат во Грција
-->
Вчера во 11.15 часот во с.Драгош, битолско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија”, ги лишиле од слобода Ф.М.Р.(23), М.П.Ј., Д.Л.Ц.(22) и М.Р.А.(26), сите од Куба, при обид илегално да ја преминат државната граница од Р.С.Македонија во Р. Грција.
По извршени проверки било утврдено дека на 11.09.2019 тие легално влегле во Р.С. Македонија на Граничниот премин „Табановце“.
Приведените биле предадени на инспектор при одделот за прекуграничен криминал за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ