Loading Video...
Македонија
20. March 2020 - 17:12

Четиригодишното девојче од Штип е во добра здравствена состојба

Четиригодишната штипјанка, позитивна на Ковид 19 е со лесна клиничка слика. Таа и нејзината мајка се сместени на инфективното одделение во штипска клиничка болница. Вчера се тестирани членови на потесното семејство на пациентката.

-Вчера беа тројца, но дополнително, по проценка на епидемиолозите, може да бидат дополнително испитани,“ изјави Ален Георгијев, директор на Клиничка болница Штип.

Набавени се 200 нови скафандери, 18 далечински мерачи на телесна температура, за сите пациенти и медицинари, кои ќе добијат и заштитни наочари.  Инфективното одделение може да прима пациенти само со лесна клиничка слика, додека ако се укаже итна потреба, пациентите ќе бидат сместени на одделението за интензивно лекување.

-Таму имаме 8 кревети кои имаат централен довод на кислород, а ние како болница во моментот располагаме со 2 респиратори, пред скоро време сервисирани, еден транспортен респиратор, двете машини за анестезија можат да бидат користени како апарати за респирација- додаде Георгијев

На Истокот во самоизолација се 345 граѓани, што е за 100 повеќе од вчера.  Сите допатувале од некоја од земјите со висок и среден ризик, а на 15 им се издадени решенија за посебен надзор.