Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
Четиригодишното дете што утрово почина на Детското одделение во Струшката болница имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри, потврди директорот на Струшката болница Владимир Бунчески.
Тој посочи дека детето било донесено во многу тешка состојба со подраширени зеници и оти борбата на лекарите да го вртат во животот била не успешна. Детето било родено во Италија со тешка форма на церебрална парализа, каде докторите им соопштиле на родителите дека ќе живее три до шест месеци.
-Детето во Болницата во Струга е донесено во многу тешка форма со подраширени зеници, ослабено срце и загрозени сите витални параметри. И покрај долгата реанимација и борбата на лекарите да го вратат во живот било неуспешно. Имало тешка форма на респираторна инфекција со загрозени сите витални параметри. Родителите биле свесни околу состојбата, информира Бунчески.
Увид извршил јавен обвинител и во координација со семејството телото нема да биде предадено на обдукција. Не била констатирана лекарска грешка, биле преземени сите здравствени мерки.
СВР Охрид денеска соопшти дека четиригодишно дете утрово починало на Детското одделение во Струшката болница, а случајот во полиција бил пријавен во 9:50 часот од медицински лица од Општата болница во Струга.
-Медицински лица од Општата болница во Струга пријавиле дека, на детското одделение во болницата било донесено четири годишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка здравствена состојба, и покрај итно укажаната медицинска помош, починало, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Ново на Сител
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија
-
Општина Центар: Во тек е голема акција, се чисти на шест локации
-
УЈП: Пад на прометот за 22,12% во четвртокот и петокот кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава
-
Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос
-
570 возачи казнети во Скопје: 150 за брзо возење, 22 без возачка, 4 возеле со забрана
-
Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг
-
Балтичките земји се исклучуваат од руската електро-мрежа
-
Хамас ослободи уште тројца заложници, се очекува пуштање на 183 Палестинци од израелски затвори