Четири предмети денеска на дневен ред во судовите

Во Основниот суд денеска продолжува судењето во случајот "Меѓународен сојуз". Досега беа одржани неколку рочишта, на кои обвинетите ги даваа своите воведни зборови.
Во случајот првообвинет е Бојан Јовановски, кој се товари за измама и перење на пари. Денеска се очекува сведочењето на Силјан Мицевски и Ардијан Амзовски, двајцата бизнисмени за кои обвинителството тврди дека биле доведени во заблуда и измамени преку проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси, па на невладината на Јовановски исплатиле речиси еден милион евра.
Во Кривичниот суд, пак, продолжува судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, а зафатена ќе бидат и уште две судници, каде што се одржуваат рочиштата за случаите "Монструм" и "Таргет - Тврдина".
За текот на овие рочишта повеќе во вестите во 12 часот.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-

Одмаралиштето на Пониква повторно во служба на повредените во „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
