Македонија
19. July 2020 - 19:58

Четири новозаразени, а едно лице ја изгуби битката со коронавирусот во Кичево

Четири нови лица се заразени денеска со коронавирусот според податоците од Министерството за здраство за Кичево, а едно лице е ја изгуби битката со вирусот, со што вкупниот број заразени со Ковид-19 во општината се искачи на 100, од кои 83 се активни, 13 се излекувани, а четири лица се починати.

Четирите новозаболени лица се во добра општа здраствена состојба, се лекуваат во домашни услови во изолација и под контрола на нивните матични лекари. Денеска имаме едно лице кое за жал ја изгуби битката со вирусот, рече Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот кризен штаб во Кичево.

Тој апелираше до граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.