Четири начини да ја уништите предиграта

Предиграта е важна работа бидејќи на тој начин откривате што сакате и што не сакате. Ви претставуваме 4 најчести грешки кои можете да ги направите за време на предиграта и потполно да го уништите понатамошниот тек на сексот.
Директно во целта
Фокусирање на само едно место, т.е. нејзините гениталии е една од поголемите грешки кои можете да ги направите и да го уништите задоволството.
-Гениталиите се фасцинантни и забавни, но обидете се да го минете времето фокусирајќи се на целото тело од вашата партнерка – кажува Кејси Фулер, еден од основачите на Baltimore sex-ed company Toch Of Flavor.
Премногу зборување
Добро, предиграта колку што е физичка, толку и вербална, но не е исклучено да претерате во секси разговорите или уште полошо во оние не-секси разговори. Бидете особено внимателни во текот на предиграта да не споменете нови чудни имиња за миленичињата, да зборувате за финансиите или неуспешно да водите секси разговор.
-Чудните фрази можат да предизвикаат расположението за секс брзо да исчезне – кажува Ејприл Масини, експерт за секс.
Брзо или грубо
Веројатно веќе знаете дека не треба да брзате во предиграта. Секако дека понекогаш може да имате брзински секс, но ако тој стане секојдневност, можете да очекувате разочарана партнерка. Не само што на жените им треба повеќе време да се возбудат (на поголемиот број жени им се потребни 15 минути), туку кратко и брзо фокусирање на нејзините потреби може да биде сфатено како безчувствително и невнимателно.
Премногу притисок на нејзините чувствителни подрачја е уште една грешка која можете да ја направите. Да, притисокот може да биде добар. Но морате да работите на тоа постемено и да комуницирате со партнерката на вистински начин
Не читајте ја
Секоја жена е малку поинаква од останатите кога се работи за било што. Морате да ја слушате вашата партнерка, инаку ништо од акцијата. Ако забележите дека сака да има однос на каучот, не се обидувајте да ја преместите во спалната соба, во никој случај.
Ново на Сител
-

Најмалку 38 лица починаа од хипотермија во Полска оваа зима
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи
-

Нормализиран сообраќајот на патот Удово - Валандово
-

Ѓорѓиевски објави видео како ќе изгледа првата фаза од булеварот „Македонија“
-

Без струја делови од Аеродром и Шуто Оризари
-

Во Нови Сад најавен протест на судиите, адвокатите и на студентите поради усвојувањето пакет закони за судството
-

Конститутивна седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на незаконски стекнат имот
-

Рекетот на Ѓоковиќ од финалето на АО во 2012 година е продаден за рекордна цена
