-->
-->
Четири месеци затвор за српски ракометар
-->
Српскиот ракометар Младен Бојиновиќ е осуден на 4 месеци затвор поради местење натпревари.
Бојиновиќ настрада во аферата во која учествуваа и браќата Карабатиќ кои беа осудени условно.
Покрај тоа српскиот ракометар ќе мора да плати и парична казна од 20 000 евра.
Вкупно се осудени 14 лица од кои најтешко сопственикот на обложувалницата.
Браќата Карабатиќ заработија казна од 2 месеци условно и парично 10 илјади евра.
Тие заедно со Бојиновиќ настапија за Монпеље против Сесон кој беше пред испаѓање.
Едно лице се обложило 100 илјади евра на коефициент 2.9 дека Сесон ќе води на полувремето против веќе промовираниот шампион Монпеље.
Едно лице се обложило 100 илјади евра на коефициент 2.9 дека Сесон ќе води на полувремето против веќе промовираниот шампион Монпеље.
Никола Карабатиќ на судењето ги отфрли обвинувањата тврдејќи дека не знаел дека неговата девојка се обложила на спорниот меч против неговиот тим Монпеље.
За разлика од него неговиот брат Лука призна дека заедно со својата девојка се обложил нарекувајќи го потегот „глупост на еден млад играч“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медали за сите 7 вина на Монтеко на престижниот вински натпревар Декантер
-
Лицата со телесен инвалидитет бараат адаптирана плажа
-
Кој антички град се крие помеѓу прилепските села Волково и Прилепец, дали тоа е можеби градот Пелагонија?
-
Продажбата на ФК Брегалница – Штип, ги скара власта и опозицијата во градот
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево