Свет
14. August 2015 - 8:28

Четири лица загинаа во уривање на египетски воен авион

Египетски воен авион се урна вчера до границата со Либија, поради технички дефект за време на контратерористичка операција, при што загинаа четворица членови на екипажот, а двајца се ранети, изјави портпаролот на египетската армија. 

Авионот учествувал во заедничка операција на воено-воздухопловните и копнените сили југоисточно од оазата Сиуа. За време на операцијата биле уништени четири автомобили на терористи и запленети се пет. 

Египет е погоден од бран напади врз силите за безбедност, откако воените власти го соборија од власт претседателот на исламистите Мохамед Морси во 2013 година.