Македонија
29. March 2025 - 11:10

Четири лица, од кои двe малолетни, фатени на дело при обид за кражба во Куманово

На 29.03.2025 во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.Р.(42) од Куманово, Т.И.(33) од Виница и двајца малолетници. Тие биле затекнати во објект во кругот на поранешен Тутунски комбинат Куманово при обид да одземат предмети.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.