Четири иницијативи за оценување на уставност и законитост на седница на Уставен суд
На дневен ред на денешната 29. седница на Уставниот суд се четири иницијативи за оценување на уставност и законитост.
Уставните судии ќе одлучуваат по иницијативата со која е оспорен член 128 став 4 од Законот за вонпарнична постапка. Во иницијативата, меѓу другото се наведува дека оспорениот член е во спортивност со членот 30 од Уставот со кој се гарантира правото на сопственост и наследувањето и смета дека со примената на оспорената одредба се овозможува манипулирање со имотите на граѓаните и капиталот се прелева на располагање на поединци кои ги немаат тие права.
На дневен ред е и иницијативата со која е оспорен Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементирање на проектот за изградба на инфраструктурнит коридор 8 делница Тетово-Гостивор-Букочани и Требеништа-Струга-Ќафасан и коридорот 10-д делница Прилеп-Битола.
Според подносител на иницијативата Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија, номинирањето на еден субјект од страна на законодавецот претставува ограничување на субјектите за слободно настапување на пазарот и претприемништвото како клучни основи на стопанскиот систем утврдени со Уставот. Според наводите, оспорениот закон е во спротивност со владеењето на правото, слободата на пазарот и претприемништвото, одредби предвидени во Уставот.
Пред уставните судии ќе се најдат и иницијативата со која е оспорен: Делот „за државните службеници“ од член 142 став 1 од Законот за лекови и медицински средства и член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински средства, како и иницијативата за член 28 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства.
Ново на Сител
-
Издадени над 18 илјади платни налози за прекршоци во сообраќајот од почетокот на месецот
-
Рубиалес парично казнет за бакнувањето фудбалерка
-
Можна градска пресметка Реал Мадрид – Атлетико во осминафиналето во ЛШ
-
Билјана Каракашева Шулев нова заменик претседателка на ДКСК
-
Халанд: Заедно повторно ќе се издигнеме
-
По 12-годишна пауза ќе се одржи скијачкиот Шарпланински куп
-
Лига на шампиони: Еурофарм Пелистер за нијанса подобар од Динамо Букурешт 25:24 (12:13)
-
Обвинителствата од Западен Балкан и Јужна Америка ја зајакнуваат соработката за справување со организирани криминални групи