Свет
20. July 2015 - 23:14

Четири другарки загинале во стравична несреќа

Осум другарки се возеле низ улиците на Лонг Ајленд славејќи го роденденот на една од нив, но славењето се претворило во крвопролевање кога на нив налетал пијаниот возач Стив Ромео.

Девојките изнајмиле лимузина за да го прослават роденденот на едната од нив. Ромео со пик-ап се забил во страната на лимузината со таква силина што речиси ја преполовил лимузината.

Стефани Бели (23), Ејми Р. Гребина (23), Лорен Барух (24) и Британи М. Шулман (23) загинале на местото на несреќата. Џоел Димонте(25), Мелиса Анџела Креј (23), Алиша Арендел (24) и Олга Липек (24) преживеале, но две сеуште се борат за својот живот.

- Пик-апот ја преполови лимузината, тресејќи се раскажа Лин Лулфс која била сведок на ужасната несреќа. Видовме како телата висат на левата страна на автомобилот. Изгледаа како млади девојки. Им висеа рацете, главите, косата...

Ромео се обидел да избега од местото на несреќата, но е уапсен и обвинет за возење под дејство на алкохол. Ова не е прв пат луѓе да загинат по негова вина: пред година ипол неговиот соработник настрадал откако на главата му паднала канта од виљушкар што го управувал тој.

- Стиснал на кочницата во моментот пред да удри во лимузината. Ова е една од најстрашните несреќи кои сум ги видел, изјави Мартин Флетли, началникот на полициската станица