Бизнис
31. December 2016 - 10:54

Четири добивки „Милионер џек пот“ на ДВЛМ во декември

Четири добивки „Милионер џек пот“, по една во Кичево и во Кавадарци и две во Скопје, регистрираше месецов Државна видеолотарија на Македонија (ДВЛМ).

Како што соопшти ДВЛМ, вчера  во Спорт Лаиф Треид Топанско 2 во Скопје е освоен е последниот „Милионер џек пот“ во 2016, вреден 1.359.255 денари. На 25 месецов таква добивка во износ од 1.785.908 денари, е освоена во Спорт Лаиф Треид Кисела Вода 1. Рекордниот „Милионер џек пот“ на ДВЛМ досега е вреден 1.794.419 денари, а беше освоен на почетокот на декември во Вемакс Тобако во Кичево, информира ДВЛМ.

Досега се освоени  25 „Милионер џек пот“ добивки во вкупен износ од 36.150.786 денари, како и 3.253 „Мини џек пот“ во вкупен износ од 24.392.569 денари.