Македонија
27. July 2020 - 17:01

Четири дена не функционираат веб-страниците на МОН и МЗ

Пред неколку дена анонимните хакери од земјава најавија преку Твитер дека следна цел им се извршителите.

– Извршители – убијци – вие сте на ред, спремете се – се наведува на профилот на анонимната хакерска група.

На сајтовите на двете министерства првиот ден од нападот се појави и веќе видената фотографија на Анонимусите – кога ноќта на изборите беше хакиран сајтот на агрегаторот Time.mk.

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.