Loading Video...
Балкан
5. March 2023 - 16:36

Четири деца загинаа во пожар во Нови Пазар во Србија

Трагедија во Нови Пазар. Четири деца  на возраст од шест месеци  до пет 5 години загинале во пожар кој избувнал во станот во кој живеело шестчленото семејство. Таткото кој се обидел да ги спаси децата е во критична состојба. Мајката  со изгореници исто така е сместена во болница.

Во гаснењето на пожарот помагале и соседите, но по влегувањето на пожарникарите во објектот констатирано е дека децата починале од задушување.

Причината за пожарот не е позната, а истрагата е во тек. Семејството во зградата се доселило пред една година, а татакото бил од Египет.