Македонија
24. November 2016 - 8:46

Чествување 200 години од објавувањето на „Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ

Македонската православна црква Охридска архиепископија и Книгоиздателството „Матица македонска“ денеска напладне во манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј Велики“ во тетовското село Лешок ќе одржат чествување по повод 200 години од објавувањето на делото „Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ.

По овој повод ќе биде промовирано изданието „Огледало за Огледалото од Кирил Тетовец Пејчиновиќ“ кое го приреди професорот Борис Момировски, а го објави издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје.

Како што соопшти „Матица“, за значењето на „Огледало“ за македонската просвета ќе говорот архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и проф. д-р Марко Китевски.

Свеченоста ќе биде збогатена со „Фрагменти од кантатата Огледало“ од композиторот Стојан Стојков, во изведба на Градскиот хор „Менада“ под диригентство на Ивица Зориќ.