Честитки за Божик од градоначалниците Дука, Куртовски и Ибраим
Првите луѓе на општините Дебар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа упатија срдечни честитки до сите православни верници по повод божиќните празници.
-Од мое и од име на Советот и општинската администрација на сите православни верници им го честитам еден од најголемите христијански празници, Божик. Празничните денови нека донесат радост, здравје, мир и спокој во секое семејство, насочувајќи не кон разбирање, проштевање и добра волја, како и желба за постојан напредок на заедницата, стои во честитката на градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.
Христотово раѓање-Божик со најубави желби го честиташе и Медат Куртовски, повереник за надлежностите на градоначалник на општина Маврово и Ростуше.
-Среќни и весели празнични денови на сите припадници на православната религија. Во мое име и во име на советот и општинската администрација Ви посакувам здравје, среќа, радост и душевен мир, напиша Куртовски во честитката.
Христовото раѓање Божик го честиташе и градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим.
-Нека бидат со радост исполнети вашите души, среќа и благосостојба во вашите домови, и љубов и почит поголема. Да се радуваме сите заедно за убави работи, посака градоначалникот Ибраим.
Ново на Сител
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%