Честитка за празникот Св. Климент Охридски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија им го честита големиот христијански празник - Св. Климент Охридски.
- Денес е денот кога нашиот народ со огромна чест и задоволство го празнува делото на Светиот Климент Охридски. Денот посветен на Свети Климент Охридски е ден кога се одбележува неговата апостолска дејност и ден кога се афирмираат заедничките христијански и цивилизациски вредности на човекољубие и надеж за подобар и попросперитен свет, бидејќи токму тој е основачот на Охридската архиепископија, основоположникот на Охридската книжевна школа и творецот на кирилското писмо, стои во честитката.
Како што наведува пратеничката група, Светиот Климент Охридски со својата просвета не заостана зад своите учители, светите Кирил и Методиј, туку ги наследи и ја продолжи нивната мисија и нивното духовно и хумано дело описменувајќи го народот. Неговото дело не е само наше духовно и културно богатство, туку тоа е дел и од темелите на европската цивилизација и култура и претставува европски цивилизациски симбол.
- Големината на делото на Светиот Климент Охридски е долг кон него и претставува аманет и обврска кон идните генерации да ја почитуваат нашата традиција и духовно наследство, но и да го чуваат и шират духот на неговата мисија и дело за споделување со светот на нашата традиција и култура, како и нашето големо духовно и културно богатство, пишува во честитката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
