Македонија
28. September 2016 - 11:10

Честитка по повод Денот на Бошњаците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, денеска, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 септември, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Македонија. 

- Бошњачката заедница, традиција и култура во нашата држава се длабоко вкоренети во нашето општество кои безрезерво и искрено даваат огромна поддршка и придонес во процесот на градење, зацврстување и негување на меѓусебните односи и културната разноликост која е карактеристина за Република Македонија, се вели во честитката.

Почитувањето на меѓусебните културни посебности и особености, се истакнува во честитката, е вистинскиот пат по кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава поттик и енергија да продолжиме да градиме силни врски на меѓусебно разбирање и толеранција.

- Само така, сплотени и заедно ќе создадеме вредности за уште посилен и побрз развој и просперитет на Република Македонија. Во таа насока, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците и им посакува овој ден да го поминат во мир, радост и спокој во кругот на своите семејства, наведува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.