Македонија
28. August 2016 - 17:25

Честитка од Заев по повод Успение на Пресвета Богородица

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

- Денот е прекрасен да се посветиме на вистинските вредности, на нашите деца и семејства, на нашите роднини и пријатели, на родната грутка, на нашата земја Македонија. И секако, по овој повод, и денеска да испратиме порака дека како што се воздигнала Богородица и се искачила кај своето чедо Исус Христос, така заедно сите да се воздигнеме во вредностите кои се наше секојдневие - да бидеме добри луѓе, да подаеме рака, да помагаме, да се сакаме, да се почитуваме, изјави Заев.