Честитка од Заев по повод Денот на сесловенските просветители
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев им го честита на граѓаните на Република Македонија големиот празник, 24 мај - Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј и ден на словенската писменост и култура.
- Со гордост и достоиствена почит го чествуваме денешниот ден, 24 мај – Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, поради кои овој ден се смета и за ден на словенската писменост и култура. Овие големи луѓе, основачи на првата словенска азбука, преку благородната, просветителска дејност, оставија драгоцено цивилизациско богатство за Македонскиот народ, како и за сите словенски народи. Работејки на овие простори, браќата Кирил и Методиј ја означија Македонија на светската карта како лулка на словенската култура и писменост, се наведува во честитката.
Поставувајки го темелот на писменоста, се посочува во честитката, тие `не задолжија сите нас, да го негуваме и развиваме јазикот како наш идентитетски белег.
- Она на што сакам да повикам, е пред нас да е примерот на широкоградата мисионерска дејност на светите браќа Кирил и Методиј, сега кога почнуваме да го обновуваме нашето општество. Да извлечеме поука дека само преку препознавање на вредносите за колективно добро, преку верба во визијата дека е тоа можно, преку голема заедничка макотрпна работа, може да ги поместиме границите, да ја развиеме нашата самосвест и самобитност и да се издигнеме на културно и општествено ниво, нагласува Заев.
Потенцира дека тој лично и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како партија што ја доби честа и одговорноста да ја предводи новата реформска Влада даваат збор дека ќе се грижат за македонскиот јазик и националиот идентитет, но и дека низ почитување на богатството различности во нашата држава, ќе градат просперитетно општество на сите граѓани во нашата држава.
- Предизвик на денешнината е општествен развој на Република Македонија, а обединувачката дејност на Кирил и Методиј е отворен прозорец на тој пат. Нека ни е честит денешниот празник, стои во честитката.
Ново на Сител
-
Почнува есента
-
Неверојатни сцени на Вембли - Дубоа го нокаутираше Џошуа | ВИДЕО
-
Трамп смета дека е предоцна за уште едно телевизиско соочување со Харис
-
Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени
-
Про-ирански групи во Ирак презедоа одговорност за напад со беспилотно летало врз Израел
-
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
-
Свежо утро, топло преку ден, температура до 28 степени
-
Сиљановска Давкова на литургија по повод Мала Богородица во црквата Свети Никола во Њу Џерси